Жителите од Македонски Брод и од Поречието бараат побрз и безбеден пат до главниот град Скопје. Проблемот е децениски, го кочи развојот на ова подрачје а голем проблем прави нациоалниот пар Јасен, а и тесната делница од 30 километри кај мостот Белица.
Градоначалникот на Македонски брод, Жарко Ристески, смета дека државата нема слух. Проблемот е децениски, имало ветувања, ама досега не било направено ништо. Наместо по 80-тина километри да се стигне до Скопје, се патува 200 километри.
-Патот Македонски Брод – Скопје е децениска битка која ја водат поречаните. Битката ја продолжуваме, заедно сме со здруженијата на поречани и вршиме директен притисок на властите, зашто тој пат не значаен само за Македонски Брод туку и за целиот Регион. Имаше ветувања дека сме влезени во програмата на доработка, измена на самата проектна документација, зашто стануваше збор за застарен проект кој бил, уште на времето, го градела ЕСМ кога се работело самото поречко езеро (езерото Козјак) , но од тоа конретно нема ништо. Режимот на сообраќај е со термини. Така, сега имаме четири термини од едната и три термини за сообраќај од другата страна. Тие термини се доволни да се помине низ националниот парк „Јасен“. Најголем проблем се околу 30 километри кај мостот Белица кој е тесен, изјави Ристески.
На Македонски Брод му е нанесена несомнена штета од државата со изградба на резерватот „Јасен“. Поради тоа, со години и децении е запрен развојот на Македонски Брод. Жителите нема да се откажат од настојувањата.
-Нашата цел и притисоците се само да се пушти тој пат Македонски Брод – Скопје и со тоа едно чисто, еколошко подрачје ќе го отвориме до метрополата. На тој начин, населението ќе може своите производи да ги пласира на пазарите. Сега, од Самоков ако се тргне, ќе поминеме над 200 километри, а со пат ќе поминеме 70 до 80 километри до Скопје. Тоа ни претставува голем проблем и го кочи развојот на Македонски Брод. Сѐ уште не сме влезени ниту во програма за изработка и реализација на тој пат. Ние како локална самоуправа не отстапуваме, рече Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.
Инаку, поречието вложува во развој на руралниот, но и на адреналиснкиот туризам. На 3 и 4 јуни во Самоков и Белица, околу 800 учесници ќе бидат дел од вториот фестивал „Самоков екстрем“. Фестивалот ќе понуди возење со теренски возила, мотокрос, возење со АТВ возила, велосипеди и планинска тура.