Жители на Старо Нагоричане по вчерашното невреме пријавиле за штети на обработливи земјоделски површини во општината
Жителите на повеќе села од општина Старо Нагоричане (Пелинце, Алгуња, Сув Ора, Челопек, Коинце, Бајловце, Канарево, Стрновац, Облавце и други) пријавиле штети настанти од вчерашниот град која ја зафати општината во попладневните часови. Како што информираше заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски, најмногу штета има на житните култури, лозови насади и други култури. Дел од оштетените земјоделци веќе побарале помош од општината.
- Во четврток е закажана седница на советот на општината. Имаме формирано комисија и советот треба да даде согласност за да комисијата почне со работа. Земјоделците ќе донесат документација има мал проблем бидејќи дел од нив ги работата нивите под закуп, а не се сопственици на површните, изјави Цветановски.
До општина Старо Нагоричане не пристигнале информации за отштетни куќи и викендички. Вчера поголем дел од селата од козјачијата беа зафатени со невреме врнежи од град проследени со силен ветер и дожд.