Жозе Мурињо го навреди судијата и сега му се заканува суспензија: “Загрижен сум, не е емотивно стабилен!“

Тренерот на РомаЖозе Мурињо, би можел да биде суспендиран поради неговите коментари за судијата Матео Марсенаро во пресрет на натпреварот помеѓу Рома и Сасуоло, кој Рома го доби со резлутат од 2:1.

На прес-конференцијата во пресрет на натпреварот, Жозе Мурињо им кажа на новинарите:

Да бидам искрен, загрижен сум за судијата. Ни судеше три пати и мислам дека има емоционална стабилност да биде судија на ова ниво“.

Италијанската федерација покрена истрага против Жозе Мурињо кој би можел да добие суспензија. Вчера беше сослушан од Џузепе Чине, кој е задолжен за вакви ситуации.

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо многу веројатно ќе добие десетдневна суспензија. Доколку тоа се случи, Жозе Мурињо ќе го пропушти натпреварот со Болоња, а можеби и со Наполи.