Реал Мадрид подготвува спектакуларен трансфер, но со јасен ултиматум: “Ќе имаат точно 15 дена да одговорат!“

Ако внимателно ги следите европските фудбалски настани, сигурно ви е малку преку глава од „сагата“ за трансферот на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид

Така, шпанскиот спортски весник As пренесува дека клубот од Мадрид тргнал во офанзива, со оглед на тоа што францускиот напаѓач има право официјално да започне преговори со потенцијалните нови работодавци од 1. јануари 2024 година, се разбира, под услов да не ја прошири својата лојалност кон парижаните пред тоа.

Слична ситуација имаше и пред една година, кога наводно се било подготвено за потпишување договор со Реал Мадрид, но Килијан Мбапе сепак се предомислил, наводно за да ги избегне лутите реакции на навивачите на ПСЖ.

слика
Килијан Мбапе

Претседателот на Реал МадридФлорентино Перез, тврди As, сака да избегне повторување на такво сценарио. Затоа, тој веднаш на 1. јануари ќе и ја честита Новата година на мајката на Килијан Мбапе и ќе и каже дека нејзиниот син има точно 15 дена да одговори на понудата на Реал Мадрид.

Доколку не добијат позитивен одговор од Килијан Мбапе, челниците на Реал Мадрид ќе се свртат кон планот Б, кој се вика – Ерлинг Халанд! За напаѓачот на Манчестер Сити се вели дека е голем љубител на шпанската култура и начин на живот, па дури има и куќа во Марбела.

Во Реал Мадрид, Ерлинг Халанд повторно би играл со Џуд Белингем, соиграч од нивните заеднички денови во Борусија Дортмунд.

Договорот на Ерлинг Халанд со „Граѓаните“ трае до 2027 година. Се шпекулираше дека во него има откупна клаузула, но оваа информација никогаш не беше официјално потврдена. Неговата вредност се проценува на 180 милиони евра, а исто толку вреди и Килијан Мбапе.