ЖОЗЕ МУРИЊО ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Во Рим има незавршена работа и Португалецот сега реши да изврши притисок врз раководството

Жозе Мурињо би сакал да остане во Рома. Иако во последно време многу се шпекулира за негово заминување на крајот на сезоната, кога му истекува постоечкиот договор, како и за евентуален трансфер во некој од богатите саудиски клубови, се чини дека Португалецот сепак би сакал да биде жител на „вечниот град“.

Според италијанскиот Il TempoЖозе Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажуваат навивачите и играчите. Поради ова, тој сега врши притисок врз раководството на клубот да го продолжи времетраењето на актуелниот договор, бидејќи чувствува дека има недовршена работа со овој тим.

На крајот од минатата сезона се чинеше дека Португалецот е незадоволен, најмногу поради немањето конкретно вложување во играчкиот кадар. Во меѓувреме, очигледно се предомислил, но јасно е дека последниот збор за неговата иднина на клупата на „Вучица“ ќе го има претседателот Ден Фридкин.

Рома е седма во италијанската Серија А со 18 бодови, а три бода ја делат од зоната во Лигата на шампионите. Доколку биде меѓу првите четири екипи, Жозе Мурињо би имал добри аргументи за продолжување на ангажманот во Рома, во спротивно раководството на клубот ќе се сврти кон нови лица.

А веќе се шпекулира за негови можни наследници, се споменуваат Антонио Конте и тренерот на БолоњаТиаго Мота.