Жолтите очи на Мајкл Џордан ги загрижија сите, му ги припишуваат најопасните болести: Еве за што се работи и што велат лекарите
Лекарите предупредуваат на можни здравствени проблеми на Мајкл Џордан поради неговите жолти очи
Легендарниот Мајкл Џордан го посети натпреварот во кој Монако ја победи Барселона со 2:1, а неговото присуство на натпреварот беше еден од впечатоците од првото коло во Лигата на шампионите. Сепак, еден детал беше забележан од сите, а се работи за жолтите очи на еден од најдобрите кошаркари на денешницата.
Така, оваа тема во петокот ја пренесоа бројни медиуми, а Дејли Мејл даде детално објаснување за оваа појава кај кошаркарите.
Тие истакнуваат дека појавувањето на Мајкл Џордан во Монако предизвикало загриженост кај фановите и лекарите бидејќи неговите очи изгледале „ненормално жолти“.
Michael Jordan is in the house for Monaco vs. Barcelona 🐐 pic.twitter.com/ro3Avpf4ao
— B/R Football (@brfootball) September 19, 2024
Како што стојат работите, шпекулациите за очите на 61-годишната спортска легенда првпат се појавија во 2003 година, но се интензивираа откако проблемот стана особено видлив во неговиот биографски филм на Нетфликс од 2020 година „Последниот танц“.
На неговото неодамнешно присуство на фудбалски натпревар во Монако против Барселона, навивачите забележаа уште поизразена жолта нијанса на неговите очи.
Џордан јавно не го коментираше ова, а многу обожаватели го поврзуваат ова со жолтица и оштетување на црниот дроб поради злоупотреба на алкохол или зголемен меланин пигмент на површината на окото.
Според докторот, овие сознанија се добро основани. Бавин Ша, оптометрист од Лондон, рече дека промената на бојата може да биде безопасна појава која е почеста кај луѓето со темна кожа како што старееме.
– Не можам да кажам со сигурност доколку не го прегледам, но најчеста причина е природната пигментација на конјунктивата, предната површина на окото, која може да даде жолт изглед – изјави Ша и додаде:
– Јордан може да има „меланоза“ поврзана со пигментацијата (CAM), позната и како „етничка меланоза“, која обично го зафаќа работ на рожницата – истакна тој.
Пигментацијата е рамна и може да се прошири на голем дел од површината на окото. Дамките обично растат како што старее човекот и подеднакво ги погодуваат двете очи, според Американската академија за офталмологија.
Други лекари ја потврдија оваа шпекулација. Д-р Талин Амадијан, оптометрист во Лос Анџелес, рече:
– На површината на окото би можело да има некаква пигментација, а тоа е поизразено кај луѓето со потемна кожа.
Сепак, другите лекари не се толку сигурни дека состојбата на очите на Џордан е безопасна. Жолтите очи може да укажуваат на жолтица, која е резултат на оштетување на црниот дроб, веројатно предизвикано од злоупотреба на алкохол. Црниот дроб игра клучна улога во елиминацијата на билирубин од телото, жолтеникава супстанција произведена за време на нормалниот дигестивен процес. Како што билирубин се акумулира во крвотокот, се јавува пожолтување на кожата и очите.
Д-р Џоел Коплеман, пластичен хирург од Њујорк рече:
– Ова најчесто се поврзува со состојби на црниот дроб како што се хепатитис, цироза или билијарна опструкција. Можно е ова пожолтување да е поврзано со проблем со способноста на неговиот црн дроб правилно да го обработува билирубинот, но исто така може да биде резултат на други фактори како што се одредени лекови или нарушувања на крвта.
Д-р Амадијан додаде:
– Ова е во јавноста од 2000-тите. Доколку има нешто што би предизвикало сериозна загриженост, би се појавиле придружните симптоми. Но, со оглед на тоа дека тоа трае подолго време и дека има ресурси да се соочи со каков било здравствен проблем, да беше заболување на црниот дроб веќе ќе беше лекувано – заклучи таа.