– Досегашниот фудбалер на Челзи и италијански репрезентативец Жоржињо ќе ја продолжи кариерата во Арсенал откако двата премиерлигаши се договорија околу висината на обесштетувањето, пренесува денеска Би-Би-Си.
Жоржињо прво ќе ги мине задолжителните медицински прегледи по што ќе потпише договор со Арсенал до јуни 2024 година, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Арсенал се согласил да плати обесштетување во износ од 10 милиони фунти, плус два милиони фунти во бонуси за 31-годишниот италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло.
Жоржињо го носи дресот на Челзи од 2018 година кога се пресели во редовите на лондонскиот клуб од Наполи.