Заборавете на cè што сте слушнале до сега – ова е тајната за најдобрата интимна врска

По спроведеното истражување за спиењето за една британска компанија, д-р Верена Сен, невролог, објасни како спиењето им помага на сите аспекти на животот, вклучувајќи го и интимниот живот.

-Кога не спиеме доволно, нивото на кортизол во телото расте, а тестостеронот е потиснат, поради што недостатокот на сон ја намалува желбата за водење љубов, но и веројатноста за добар сексуален однос – објаснила таа.

Освен тоа, рече таа, спиењето може да ја зголеми и нашата самодоверба поврзана со физичкиот изглед и да помогне во балансирање на автономниот нервен систем, кој ги регулира основните телесни функции како што се дишењето и варењето, како и секундарните, интимните.

Друго истражување за врската меѓу интимните односи и спиењето е објавено во „Journal of Sexual Medicine“ и покажало дека со секој дополнителен час сон, шансите на жените да започнат интимни односи се зголемуваат за 14 проценти.

„Спиењето го зголемува нивото на нашата енергија и ја подобрува издржливоста, па го намалува нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес, што ни овозможува да бидеме позадоволни од нашето тело“, изјави д-р Сен за The Sun.

Спиењето, додава тој, ја зголемува и креативноста, така што поголема е веројатноста да експериментирате во спалната соба, испробувајќи нови пози и видови на предигра.

– Би рекол дека тајната на одличната интимна врска е седум до девет часа квалитетен сон – заклучил докторот.