Забрана: „Ако ЕУ не сака, ние ќе го направиме“

За да ги заштити унгарските земјоделци, владата ќе го забрани увозот на украинско жито во Унгарија од 16 септември.

Доколку има потреба тоа ќе биде еднострана суверена одлука, изјави министерот за земјоделство Иштван Наѓ.

„Доколку Европската унија не ја продолжи забраната за увоз на украински житарки во Европа пред истекот на мерката на 15 септември, Унгарија ќе забрани 24 производи кои првично беа погодени од мерката на ЕУ, а не четирите што во моментов се забранети“, рече Наѓ на фестивалот Транзит во Тихана, во западна Унгарија, пренесува агенцијата МТИ.

Презаситеноста на евтините украински производи минатата година беше последен во серијата шокови што ги погодија унгарските земјоделци, вклучително и пандемијата на коронавирус, сушата, војната и нејзините последици, истакна министерот.

Тој додаде дека иако се очекува жетвата на пченка да биде рекордна, сепак трговијата е зафатена од евтина конкуренција.

Според него, земјоделството е еден од секторите кои ги добиле бараните средства од ЕУ, обезбедувајќи одредена сигурност на земјоделците во следните седум години.