Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгород

 – Две лица загинаа во напад на украинско беспилотно летало во руската област Белгород, објавија британските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

-Како резултат на експлозии, две лица загинаа, а трет е тешко повреден, напиша вна „Телеграм“ гувернерот на округот Вјачеслав Гладков.

Руското Министерство за одбрана и Гладков соопштија дека повеќе напади со беспилотни летала биле спречени претходно во текот на денот.

Се уште не можат да се потврдат извештаите на руските власти.