СИ ЏИПИНГ ПРИСТИГНА ВО МОСКВА: Летот на кинескиот претседател беше најследен во светот – Еве за што ќе разговара со Путин (ФОТО/ВИДЕО)

Кинескиот претседател пристигна во Москва.

Авионот на кинескиот претседател Си Џинпинг слета на меѓународниот аеродром Внуково во Москва, а самиот лет предизвика голем интерес.

Летот Boeing 747-89L го следеа во живо повеќе од 81.000 луѓе на веб-страницата Flightradar24, што го направи најследен лет во светот.

Си главно користи комерцијален Боинг 747-89 изнајмен од Ер Чајна за патувања на долги релации.

Само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за негово апсење, рускиот претседател Владимир Путин го пречекува кинескиот лидер во Москва со цел “да одигра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори” за војната во Украина .

Кинескиот претседател денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако по трет пат е избран за претседател на Кина, а воедно и прва посета на Русија од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година.

Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните пет години и ќе го продлабочи меѓусебното разбирање меѓу Москва и Пекинг за важни меѓународни и регионални прашања, пренесува РИА Новости.

Волстрит журнал, повикувајќи се на свои извори, објави дека по посетата на Москва, Си Џинпинг би можел да одржи онлајн средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски!?