Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека конфликтот во Украина би можел да се реши до крајот на 2025 година доколку приврзаниците на мирот, а не на војната, победат на изборите за Европскиот парламент и претседателските избори во САД во ноември.
Тој посочи дека е неопходно да се запрат поддржувачите и пропагаторите на понатамошни непријателства во Украина . Орбан смета дека доколку приврзаниците на мирот победат на изборите за Европскиот парламент, „воените одлуки во Европа би биле забавени, запрени, па дури и откажани“.
– Во ноември ќе се одржат претседателски избори во САД каде едниот кандидат поттикнува војна, а другиот поддржува мир. Затоа, доколку победи кандидатот кој го поддржува мирот, тогаш ќе ја имаме поддршката од Америка – изјави Орбан.
Тој додаде дека ако победат мирните струи, тогаш политичките лидери кои промовираат мир во Европа и САД ќе можат да излезат и тогаш војната ќе заврши до крајот на 2025 година, пренесе ТАСС.