„ЗАВИСИ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ВО АМЕРИКА“ Орбан предвидува: Еве кога може да заврши ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека конфликтот во Украина би можел да се реши до крајот на 2025 година доколку приврзаниците на мирот, а не на војната, победат на изборите за Европскиот парламент и претседателските избори во САД во ноември.

Тој посочи дека е неопходно да се запрат поддржувачите и пропагаторите на понатамошни непријателства во Украина . Орбан смета дека доколку приврзаниците на мирот победат на изборите за Европскиот парламент, „воените одлуки во Европа би биле забавени, запрени, па дури и откажани“.

– Во ноември ќе се одржат претседателски избори во САД каде едниот кандидат поттикнува војна, а другиот поддржува мир. Затоа, доколку победи кандидатот кој го поддржува мирот, тогаш ќе ја имаме поддршката од Америка – изјави Орбан.

Тој додаде дека ако победат мирните струи, тогаш политичките лидери кои промовираат мир во Европа и САД ќе можат да излезат и тогаш војната ќе заврши до крајот на 2025 година, пренесе ТАСС.