Завршија натпреварите од Отвореното Балканско првенство во кајак на диви води во спуст „Велес 2023“

Во организација на Кајак кану клуб „Арка-Борец” Велес и со техничка  поддршка од Македонската Кајакарската федерација, Агенцијата за млади и спорт и Општина Велес вчера и денеска на реката Вардар во Велес се одржуваше Отвореното Балканско првенство во кајак на диви води во спуст.

Како што информира за МИА Љубомир Спасиќ од ККК „Арка-Борец“, на првенството учествуваат 120 кајакари од сите категории од  25 клубови од девет држави: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија, Малта и од земјава.

Споре судиите на натпреварите од Македонската кајакарска федерација натпреварите поминаа регуларно и сега се сумираат резултатите.

Свеченото доделување на медалите и пехарите на најдобрите е закажано вечерва на Градскиот базен во Велес.