РОБОТ ПРВ ПАТ ВИДЕН НА ФРОНТ!? – Снимена неверојатна сцена за време на борбите во Украина! МОЖЕ ДА СПАСИ МНОГУ ЖИВОТИ (ВИДЕО)

Употребата на роботи за извлекување тела на загинати војници е снимена за прв пат на линијата на фронтот во Украина !

Краткото видео за прв пат од почетокот на конфликтот покажува роботско возило што се користи за собирање на телата на паднатите војници. Возилото стигнува до повредениот војник и со помош на кука го влече телото надвор од дофат на непријателот.

Видеото, снимено со извидувачки дрон, кружи на руските канали на Телеграм, но не може со сигурност да се каже која од конфликтните страни го користи роботизираното возило . Не може да се каже кој модел на робот се гледа на видеото.

Не е познато ниту каде е снимено видеото.

Евакуацијата на мртвите и ранетите од линијата на фронтот е еден од најголемите предизвици за вооружените сили бидејќи беспилотните летала постојано патролираат на небото над бојното поле подготвени да се нафрлат на секој што се движи.

Ниту оклопните возила за евакуација веќе не се доволно безбедни, па се испраќаат помали групи војници да ги земат жртвите, кои се идеална мета за противниците бидејќи се движат бавно и без заштита. Порталот ИТВ наведува дека пред неколку месеци при акцијата за спасување на еден повреден војник, биле повредени дури 11 други.

Украинската армија пред неколку месеци почна да работи на роботска платформа за евакуација. Првичната идеја била војниците со помош на далечински управувач да испратат роботска направа за извлекување на паднатите соборци од безбедно растојание, а била разгледана и можноста платформата да носи пушка на далечински управувач по потреба.

Според ИТВ, украинската влада размислува да финансира такви единици. Едно возило може да чини околу 20.000 долари, што е многу поевтино од другите оружја од првата линија.

Желбата на експертите е наскоро секој баталјон да има свој робот.