ЗАВРШИ НАЈГОЛЕМИОТ ШТРАЈК ВО ХОЛИВУД – Постигнат е историски договор за целата забавна индустрија: “Започнува нова ера“

Инвеститорите, продуцентите, акционерите на филмските студија, но и гледачите можат да здивнат – Холивуд се враќа на работа почнувајќи од четврток, 9. ноември на полноќ. 

Задоволни можат да бидат и повеќе од 160.000 луѓе кои работат во забавната индустрија и се членови на синдикатот SAG-AFTRA. Заврши штрајкот кој ја запре моќната шоубиз машина и траеше 118 дена. Синдикатите успеаја да постигнат договор со големите студија организирани од AMPTP (Алијанса на филмски и ТВ продуценти).

Одборот за договарање на SAG-AFTRA во средата објави дека се договориле за сите прашања и потпишале „привремен договор“, а деталите допрва треба да се соопштат, додека претставниците на синдикатот очигледно се многу задоволни. Тригодишниот договор, вреден повеќе од една милијарда долари, вклучува зголемување на минималната плата и нови додатоци на авторските права што ги плаќаат услугите за стриминг.

Договорот, исто така, предвидува заштита од неовластена употреба на фотографии генерирани од вештачка интелигенција, област која ги загрижи изведувачите бидејќи стравуваат дека ќе бидат заменети со „дигитални газди“.

Постигнавме договор кој ќе им овозможи на членовите на SAG-AFTRA од секоја категорија да градат одржливи кариери“, се вели во пораката на синдикатот до своите членови и се нагласува: „Илјадници и илјадници изведувачи сега и во иднина ќе имаат корист од овој договор“.

Претседателката на синдикатот, Фран Дрешер напиша на социјалната мрежа Инстаграм:

Го направивме тоа! Договор од милион долари!“.

слика
Фран Дрешер

Сетовите сигурно многу брзо ќе оживеат. Еден месец претходно, сценаристите претставени од нивниот синдикат WGA, кој има повеќе од 11.000 членови, постигнаа договор со студијата за прашањата за платите и употребата на вештачка интелигенција.

Ова беше најпроблематичната холивудска сезона во последните неколку децении, но влогот беше огромен, за што добро знаеја сите кои на кој било начин работат во шоубизот, не само сценаристите и актерите.

AMPTP , пак, изјави дека договорот „претставува нова парадигма“.

Тие ја постигнаа најголемата победа во историјата на синдикатот, вклучително и најголемото зголемување на минималните плати во последните 40 години, сосема нови дополнувања на програмите за стриминг, сеопфатна заштита за согласност и такси во употребата на вештачка интелигенција и значителни покачувања за сите ставки од договорот“, рекоа тие во официјалното соопштение, додавајќи дека се среќни што се враќаат во бизнисот со „раскажување големи приказни“.