ЗАГЛАВЕНИ СМЕ НА ДНОТО НА АТЛАНТИКОТ А ТОЈ НИ РЕЧЕ ДА СПИЕМЕ: Патник од подморницата Титан откри шокантни детали од патувањето

Во 2021 година, човек кој бил патник на подморницата Титан, која неодамна се распадна и однесе пет животи, тврди дека извршниот директор на Океангејт му предложил на екипажот да спие на бродот преку ноќ додека бил заглавен на дното на Атлантикот.

Експедицијата на Џејден Пан во 2021 година зеде застрашувачки пресврт кога батеријата на Титан се потрошила нешто повеќе од два часа од неговото спуштање до остатоците од Титаник на дното на океанот.

Говорејќи за Би-Би-Си минатата година, камерманот се присети на моментот кога директорот на компанијата Стоктон Раш им рекол на патниците дека батеријата е „капут“.

Раш наводно им рекол на патниците дека морале да се вратат на површината кога биле на два фудбалски игралишта подалеку од легендарниот бродолом.

„Најпрво мислев дека се шегува бидејќи бевме повеќе од два часа од нашата цел на експедицијата и толку блиску до дното. Но, тогаш тој објасни дека една од батериите се испразнила, па ќе ни биде тешко да се вратиме на површината“, изјави Пан за Би-Би-Си, според Дејли Меил .

Додека Раш се обидувал да го реши проблемот, тој наводно им понудил на патниците да спијат додека бродот потонал на дното на океанот.

Половина од екипажот, вклучително и Стоктон, рекоа дека би било добро да спие на дното на океанот, меѓутоа, другите клиенти не сакаа да ја поминат ноќта под океанот.

На крајот, Раш успеа да ја искористи хидрауликата за да ја намали тежината и бродот безбедно исплива на површината со сите патници на бродот.

Приказната на Пан излезе на виделина откако пет патници, меѓу кои и Раш, загинаа за време на нуркање до Титаник минатиот месец. Подморницата експлодирала во близина на длабочина од 3.800 метри каде што лежи Титаник.

Сахзада Давуд (58) и неговиот 19-годишен син Сулеман биле патници на трагичната експедиција, а пред да тргнат на патувањето од 250.000 долари по човек во кое загинале со уште три лица, биле фотографирани насмеани.