Шкупи на полувреме има негатива од еден гол на дуелот со Левски

 Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите на Конференциската лига, тимот на Шкупи, вечерва во Скопје по првото полувреме губи од Левски Софија со 0:1.

Стрелец на водечкиот гол за гостите од Бугарија е Бразилецот Велтон во 31.минута.

Шкупи не реализира три чисти шанси за гол, додека Левски од една полушанса дојде во водство.

На трибините на Национална арена „Тодор Проески“ се наоѓаат и 300 навивачи на Левски кои во повеќе наврати провоцираа со скандирања „Македонија е бугарска“ и упатуваа навреди на национална основа кон навивачите на Шкупи.

Пред почетокот на натпреварот македонската полиција приведе девет бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир.