ЗАГЛАВЕН СО ДЕНОВИ – Чудо во Турција: Момче во дрес на Фенер спасен по 119 часа, прво прашал за натпреварот
Во морето трагични и страшни вести од Турција и Сирија по разорниот земјотрес, една убава приказна доаѓа од градот Кахраманмарас во која момчето Камилџан Агдас е спасено по 119 часа во урнатините.
Агдас (16) спиел во дресот на својот сакан клуб Фенербахче кога неговиот град го погодил страшен земјотрес. Следувале денови на ужас, но на крајот овој 16-годишник бил спасен.
Првото нешто што ги прашал своите спасители било: „Кој ден е денес?“. Турските медиуми наведуваат дека тој цела ноќ ја поминал во дресот бидејќи нетрпеливо го чекал натпреварот.
Да не се случеше земјотресот, тој ден Фенербахче ќе играше против Коњаспор и младиот човек со посебно внимание ќе го следеше дуелот и ќе ги бодреше своите миленици.
Секако, Фенербахче објави се. Од овој познат турски клуб напишаа дека по овој случај повторно веруваат во чуда.
„Вечерва, 119 часа подоцна, очите ни се насолзени и повторно веруваме во чуда. Ни претстои уште многу натпревари. Те чекаме Камилџан“, објавија на официјалниот сајт на Фенербахче.