Загреб ,,исчезна” за секунда! Ново страшно видео од Хрватска, вакво нешто не сме виделе на нашите простори (ВИДЕО)

Две лица загинаа во Загреб кој денеска околу 16 часот го зафати страшно невреме. Над главниот град на Хрватска најпрвин стана облачно, а потоа целото небо стана сиво. Наскоро беше невозможно да ги држите очите отворени поради силниот ветер, а потоа силниот дожд сè поцрни.

Ветерот беше толку силен што корнеше дрвја, носеше покриви, дури и урна џиновски кран. За секунда беше невозможно да се движи низ загребските улици, а еден час по поплавата патиштата во центарот се уште се речиси непроодни за сообраќај.

Колку беше силно невремето најдобро говори видеото објавено на Твитер, а на кое се гледа како невремето го опустоши Загреб за рекордно кратко време. Според локалните медиуми, причинета е голема материјална штета. Секој час во болницата пристигнуваат повредени.

Се стравува дека бројот на жртвите нема да биде конечен.