ЗАКАЖАНО СУДЕЊЕТО НА АЛЕК БОЛДВИН ЗА УБИСТВО ОД НЕБРИЖНОСТ: Еве колку затворска казна му се заканува на актерот затоа што застрелал колешка на снимање

Судењето на актерот Алек Болдвин е закажано за 1 февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност откако убил снимателка на филмски сет. Тоа ќе биде првпат да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува Дејли Мејл.

Тој во случајот беше именуван како Александар Реј Болдвин и беше обвинет за убиство од небрежност, откако поротата гласаше за негово обвинение на 19 јануари.

Алек Болдвин, Халина Хачинс

Болдвин смртно ја застрелал камерманката Халина Хачинс на снимањето на вестерн „Раст“ во октомври 2021 година, кога пиштолот бил наполнет со вистински наместо лажни куршуми.

Поротата одлучи дека има доволно докази за обвинение

Болдвин и претходно беше обвинет во врска со смртта на камерманката, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето, пишува Би-Би-Си. Локалните обвинители наведуваат дека дошле до дополнителни факти кои бараат ново судење. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.

Глорија Алред, адвокатка на родителите и сестрата на Халина, како одговор на новите обвинувања рече: „Нашите клиенти отсекогаш ја барале вистината за тоа што се случило на денот кога била убиена Халина Хачинс.

Болдвин тврдеше дека ги почитувал законите за безбедност на оружјето и дека виновник е оружарот или персоналот што му го дал наполнетиот пиштол. Тој инсистира дека пиштолот бил празен кога го однел на проба на местото на настанот. Тие продолжуваат да ја бараат вистината во нашата граѓанска тужба и исто така би сакале да видат одговорност во системот на кривичната правда.

Алек Болдвин

Големата порота одлучи дека има доволно докази за да се обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност. Со нетрпение го очекуваме кривичното судење кое ќе одлучи дали тој треба да биде осуден за прераната смрт на Халина“.

Актерот тврди дека не го повлекол чкрапалото

Да потсетиме, актерот на филмскиот сет со реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс. Во инцидентот е повреден и режисерот Џоел Соуза. За време на снимањето на нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во кинематограферката Халина Хачинс, која набргу починала.

Болдвин ја негираше одговорноста за убиството, велејќи дека го насочил револверот, но никогаш не го повлекол чкрапалото и дека Гутиерез Рид и другите експерти за оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.

Обвинителите во Ново Мексико потоа извршија форензички тестови на пиштолот што се користеше за пукање во Хачинс и рекоа дека анализата на оружјето покажала дека пиштолот не можел да пука без да го повлече чкрапалото.