Закана од разоткривање на чуствителни информации !? Властите во САД потврдија: “Русија ги пронајде остатоците од беспилотното летало кое се урна во Црното Море!“

Властите во Соединетите Американски Држави (САД) веруваат дека Русија ги извадила остатоците од соборениот американски разузнавачки дрон во Црното Море, изјави за CNN американски функционер запознаен до случајот.

Официјалниот претставник тврди дека Русите пронашле парчиња односно мали парчиња од дронот MQ-9 Reaper.

CNN во средата објави дека Русија стигнала до локацијата каде што американското беспилотно летало се урнало во Црното Море, на неколку километри југозападно од полуостровот Крим.

Администрацијата на Џо Бајден го минимизираше значењето на урнатиот дрон или можноста за собирање чувствителни разузнавачки информации од истиот.