Закани кон ПСЖ за „психолошко малтретирање“ на Мбапе: Ова е забрането со закон

Здружението на професионални фудбалери на Франција жестоко реагираше на одлуката на ПСЖ да го отстрани Килијан Мбапе од тимот со информација дека поради своите постапки се предмет на кривична пријава за психичко малтретирање на нивниот вработен.

Мбапе одби да го продолжи договорот со ПСЖ кој важи од летото следната година, поради што овој француски тим реши да го исфрли од тимот со закана дека нема да дозволи да си замине од тимот како слободен играч.

Иако тоа донекаде е и очекувано, ПСЖ веројатно не сметал дека на овој начин го кршат законот и дека според француските закони овој тип на притисок е забранет.

„Фудбалерите мора да имаат исти услови за работа како и другите работници. Здружението на професионални фудбалери на Франција смета дека би било корисно да ги потсети менаџерите дека притисокот врз вработените да ги променат условите за работа, на пример да го напуштат или да го прифатат она што го сака работодавецот, е психичка злоупотреба, која е забранета според законите на Франција“, се вели во соопштението и се додава:

„Здружението на професионални фудбалери на Франција го задржува правото да ги покрене сите можни граѓански и кривични постапки пред судовите против клубовите кои се однесуваат на овој начин.

Мбапе е член на ПСЖ од летото 2017 година, а за овој тим одигра вкупно 260 натпревари и постигна 212 гола.

Се споменува дека би можел да го напушти клубот за цена од 150 милиони евра, но јасно е дека ќе биде многу тешко да се плати таа сума, со оглед на тоа што има само една година од договорот со овој француски тим.