ЗАКАНУВАЧКА ПОРАКА ОД ИРАН – “Ова е крајот на Израел! Следува суровата одмазда на исламскиот свет“

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, вчера предупреди дека ќе има „сурова одмазда од исламскиот свет“ за злосторствата извршени во Палестина и Појасот Газа, откако беше погодена болница во Газа.

Нападот на болницата е крај на Израел и на ционистичкиот режим“, изјави Ебрахим Раиси пред илјадниците собрани во центарот на Техеран, пренесуваат странските медиуми.

Секоја капка крв што ја пролеваат Палестинците го носи ционистичкиот режим чекор поблиску до неговиот пад“, кажа Ебрахим Раиси, кој исто така ги обвини САД дека се соучесници во израелските злосторства.

Светот ги смета САД за соучесник во злосторствата на ционистичкиот режим“, нагласи тој.

Ебрахим Раиси во своето обраќање повика да се прекине бомбардирањето на Појасот Газа, да се прекине опсадата и да се достави помош за палестинскиот народ.

Илјадници луѓе во Техеран беа прикажани на државната телевизија како веат знамиња на Иран, Палестина и либанската милитантна група Хезболах, сојузник на Техеран. Тие извикуваа слогани и држеа транспаренти на кои пишуваше „Долу Америка“, „Долу Израел“ и „Палестина ќе биде ослободена“.

Пред два дена, иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека геноцидот врз Палестинците во Појасот Газа мора веднаш да престане.

Никој не може да им се спротивстави на муслиманите и на силите на отпорот доколку продолжат злосторствата на ционистичкиот режим врз Палестинците. Бомбардирањето на Појасот Газа мора веднаш да престане“, порача Али Хамнеи пред група сојузници во Техеран.

За потсетување, здравствените власти во Појасот Газа соопштија дека во нападот на болницата загинале најмалку 471 лице. Израелската Армија подоцна ги обвини палестинските милитанти за нападот.