Залужни станува амбасадор!? Шокантни информации од Украина, генералот ја напушта армијата, оди кај моќниот сојузник

Според неофицијални информации, врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни ја прифатил функцијата амбасадор во Велика Британија!

Информацијата ја објави заменикот на Рада, Евгениј Шевченко.

Евентуалната замена на Залужни е една од главните теми во украинските и западните медиуми во последните денови.

Економистот напиша дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил на врховниот командант функција советник и секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, но тој одбил.

Медиумите ги наведоа шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина Кирил Буданов и командантот на копнените сили Александар Сирски како веројатни наследници на Залужни на чело на Вооружените сили на Украина. Двајцата наводно ја одбиле понудата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, да потсетиме, во неделата за првпат потврди дека има намера да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни. Зеленски за италијанската телевизија РАИ1 изјави дека размислува и за разрешување на други високи функционери.

– Неопходен е нов почеток. Кога зборуваме за тоа, мислам на разрешување на голем број водечки државни функционери, а не само на отпуштање во воената сфера. Размислувам за замена (Залужни). Вистина е. Тоа прашање ја засега целата лидерска група што ја води државата – рече Зеленски на прашање за несогласувања со Залужни.

Киев неодамна ја информираше Белата куќа дека Зеленски одлучил да го замени Залужни. „Вашингтон пост“ наведува дека САД не ја поддржале одлуката на Зеленски, но не се спротивставиле, велејќи дека е негово право да носи такви одлуки.