ЗАМИНАЛЕ ДА РАБОТАТ КАКО ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ, А ДОБИЛЕ ПУША ВО РАЦЕТЕ !? Велика Британија тврди дека Владимир Путин регрутира градежници и од Узбекистан поради големите загуби
Министерството за одбрана на Велика Британија тврди дека Русија трпи сè поголеми загуби на бојното поле во Украина и се бори да регрутира странци за да ги замени изгубените трупи.
Весникот Indipendent ја пренесува официјалната лондонска изјава дека Кремљ се обидува да ангажира регрути со договор од Ерменија и Казахстан, како и мигранти од Узбекистан кои доаѓаат во Русија да работат како градежни работници.
„Русија веројатно сака да избегне дополнителни непопуларни мерки за мобилизирање на домашното население пред претседателските избори во 2024 година“, се вели во објавата на социјалната мрежа Х (Твитер) на Министерството за одбрана на Велика Британија.
Во извештајот се вели дека од крајот на јуни оваа година Русија почнала да привлекува граѓани од соседните земји со огласи за регрутирање поединци за војната во Украина.
„Во Ерменија и Казахстан на Интернет се забележани огласи кои нудат првични исплати и плати од 495.000 рубли (5.140 долари) почнувајќи од 190.000 рубљи (1.973 долари)“, се наведува во извештајот.
Во него се вели дека, барем од крајот на мај оваа година, Русија почнала да им ветува на мигрантите од централна Азија државјанство преку забрзана процедура и плати кои достигнуваат до 4.160 долари.
Наводно, градежните работници мигранти од Узбекистан во Мариупол им ги одземале пасошите по пристигнувањето (во украинскиот град заземен од руските сили по жестоките борби во мај 2022 година) и биле принудени да се приклучат на руската Армија – тврди Министерството за одбрана на Велика Британија во извештајот.
Во него се наведува дека во Русија има најмалку шест милиони мигранти од Централна Азија, кои Кремљ очигледно ги гледа како потенцијални регрути.