Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово

Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот“, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев.

Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер.

Дарко Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На терен остануваат до локализирање на пожарот, кој е во атарот на штипското село Пиперово.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека бидејки пожарот е во близина на браната Мантово, хеликоптерот на МВР направи повеќе успешни и прецизни налети