Истражувањата на Занаетчиската комора на Македонија покажуваат дека дури десет стари занаети се во изумирање.
Првиот човек на комората, Агрон Фазлији на денешниот форум за Занаетчиството, вели дека државата во моментов се бори на два фронта – да ги натера младите да изучуваат занаети, но и да ги задржи искусните занаетчии кои се почесто заминуваат во странство.
„80 отсто од занаетчиите одат да работат во странство, претежно и во летниот период. Ние мора да најдеме начин како да ги задржиме тука. Младите ќе ги задржиме само со субвенции, мерки и со донесување закон со кој младите ќе ја прифатат таа работа“
И додека во Македонија бројот на занаетчии стагнира и ги има околу 20.000 на број, случајот на е таков во дел од балкански земји. Искуствата на Хрватската занаетчиска комора покажале дека занаетчиството и таму поминало низ низа турбуленции, но сега е во сериозен подем.
„Ние во изминатите четири години преку европските фондови осигуравме 50 милиони евра за стипендии на младите, и кај нас во стручните училишта зголемен е бројот на ученици. Да ги освестиме родителите дека да се биде ќерамичар, електричар, столар не е ништо помалку од тоа да се биде економист или доктор“-Далибор Кратохвил, претседател на ХОК.
Занаетчиската комора на денешниот форум потпиша Декларација за соработка со коморите од земјите од Западен Балкан.Целта е, рекоа присутните, да се зголеми конкурентноста на нашите занаетчии и да се усогласат економските норми со европските стандарди.