Западот незадоволен од трговијата помеѓу ОАЕ и Русија

 Официјални лица на САД, Велика Британија и на Европска Унија се обидуваат заеднички да извршат притисок врз Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) да ја запрат испораката на стоки во Русија што би можеле да и помогнат на Москва во војната против Украина, објави американскиот весник „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски и европски претставници.

Официјални лица од Вашингтон и европските престолнини од синоќа се во посета на ОАЕ, како дел од колективниот глобален напор компјутерските чипови, електронските компоненти и другите така наречени производи со двојна употреба, кои имаат и цивилна и воена примена, да бидат вон дофат на Русија.

ОАЕ, членка на ОПЕК плус, во која е вклучена Русија, одржува добри врски со Москва, и покрај притисокот од Западот да помогне во изолацијата на Русија поради инвазијата врз Украина.