Запознајте го првиот ракометар со темен тен во историјата на исландската репрезентација

Ракометната репрезентација на Исланд овој јануари ќе настапи на Европското првенство во Германија каде ќе ја претставува првиот темен играч во историјата.

Токму Стивен Тобар Валенсија, роден Колумбиец ќе ја претставува оваа скандинавска селекција на Европското првенство.

Овој 23-годишник е роден во Колумбија, но кога имал три години со семејството се преселил на Исланд за да почне да игра ракомет во Валур на осум години.

Тој стана професионалец во 2017 година, а пет години подоцна му помогна на Валур да ја освои титулата национален шампион и да ја освои наградата за најкорисен играч на првенството, што му донесе трансфер во странство.

Претходното лето се пресели во редовите на славната португалска Бенфика, а досега има шест настапи за репрезентацијата на Исланд.

Тој дебитираше на мечот против селекцијата на Чешка, а сега заедно со репрезентативците ќе има можност да направи резултат за одбележување во Германија.

Исланд е во групата Ц заедно со Унгарија, Црна Гора и Србија.