На изборите право на глас имаат над 60 милиони граѓани. Во земјата се поставени вкупно 191.885 гласачки кутии. Во вториот круг од претседателските избори учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу
Во Туркије денес се одржува вториот круг од претседатлските избори, откако ниту еден кандидат не успеа да го надмине прагот од 50 отсто освоени гласови во првиот круг одржан на 14 мај.
Гласањето започна во 8 часот по локално време, а ќе заврши во 17 часот по локално време.
Регистрирани се над 64 милиони гласачи, од кои 4,9 милиони гласаат првпат. Во земјата се поставени вкупно 191.885 гласачки кутии.
Гласањето при дипломатските претставништва на Република Туркије во странство, во вкупно 73 земји, завршено е во средата. Глсасањето на граничните премини трае се до затворањето на редовните гласачки места, денес до 17 часот по локално време.
Според податоците на Врховната изборна комисија на Туркије, во вториот круг од изборите повеќе од 1,92 милиони луѓе гласаа во турските странски мисии и на граничните премини до 16 часот по локално време во саботата.
На изборите на 14 мај вкупно 1.839.470 турски државјани во странство излегоа на гласање на претседателските и на парламентарните избори. Оние што не можea да гласаат во определеното време во земјата на живеење, ќе може да гласаат на граничните премини до 17 часот во недела.
На изборите на 14 мај излезноста во земјата изнесуваше 88,92 отсто, а излесноста во странство изнесуваше 52,59 отсто.
На 14 мај освен претседателски избори, се одржаа и парламентарите избори, на кои турските гласачи ги избираа членовите на Големото народно собрание (ТБММ) кое се состои од 600 места (мандати). На овие избори учествуваа 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот.
Народна алијанса предводена од Партијата на правдата и развојот (АК Партија) освои мнозинство во Парламентот, додека претседателската трка отиде во вториот круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство или повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите.
Во првиот круг од претседателската трка учествуваа и кандидатите Мухарем Инџе – претседател на партијата „Мемлекет“, кој својата кандидатура ја повлече три дена пред претседателските избори и Синан Оган, кандидат на АТА Алијанса.
Во вториот круг кој се одржува денес, на 28 мај, учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, претседател на АК Паријата и кандидат на Народната алијанса и претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу, заеднички кандидат на шестпартиската опозициска Национална алијанса.
Според најавата на Врховната изборна комисија на Туркије, првите прелиминарни и неофицијални резултати од вториот круг од претседателските избори ќе бидат објавени истиот ден, по затворањето на гласачките места.