На гласачките места низ Европа турските иселеници денес започнаа со гласањето за претстојните парламентарни и претседателски избори во Турција.
Турските државјани во странство гласаат во Австрија, Данска, Франција, Германија и Луксембург, а гласањето во Турција ќе се одржи на 14 мај.
На гласачките ливчиња гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати за претседател: актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Покрај тоа, за 600-те места во Парламентот ќе се борат 24 политички партии и 151 независен кандидат.
Гласањето на граничните премини, кое започна денес, ќе заврши на 14 мај, додека на повеќето избирачки места во странство гласањето ќе заврши на 9 мај, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Околу 3,41 милиони луѓе се очекува да го дадат својот глас во странство, меѓу кои речиси 278.000 млади луѓе што гласаат првпат.
Германија има најголем број турски гласачи, 1,5 милиони, Франција има над 397.000 гласачи, а Холандија речиси 287.000, според официјалните податоци.