ЗАПОЧНА ИТНА СПАСУВАЧKA ОПЕРАЦИЈА! „Пабло“ ја напушти Кина, па ГО ЗАПАЛИ, исчезнаа тројца членови на екипажот!

Драма на море

Тројца членови на екипажот на танкер регистриран во Габон се исчезнати денеска откако избувна пожар на бродот во близина на јужниот брег на Малезија , соопштија малезиските поморски власти.

Танкерот бил на пат од Кина за Сингапур , а во него имало 28 членови на екипажот, соопшти малезиската поморска агенција за спроведување (MMEA), додавајќи дека 23 членови на екипажот биле спасени.

MMEA соопшти дека започнала операција за пребарување и спасување откако добила дојава за пожар околу 16 часот по локално време. Причината за инцидентот е под истрага, објави Ројтерс.

Поморските власти на Сингапур изјавија дека станува збор за бродот „Пабло“ на компанијата „Пабло Јунион Шипинг“, со сопственост на Маршалските Острови.