ЗАПОЧНА ОПЕРАЦИЈА И НА ЈУГОТ ОД ПОЈАСОТ ГАЗА – Началникот на Генералштабот потврди: “Израелската Армија има нова цел!“

Израелското воено радио објави дека војниците на Армијата продираат во внатрешноста на јужниот дел на Појасот Газа, а сега има потврда за тоа од највисоко ниво.

BBC јавува дека Херзи Халеви, началникот на Генералштабот на израелската Армија, исто така дал индиции дека Израел започнал копнена операција на југот на палестинската енклава.

Израел, израелската армија, Газа
Појас Газа

Се боревме силно и темелно во северниот дел на Појасот Газа, а сега тоа го правиме и во јужниот дел на Појасот Газа“, посочи Херзи Халеви.

Џереми Боуен, уредник на надворешнополитичката редакција на британскиот медиумски сервис (BBC) кој известува од Ерусалим, синоќа изјави дека израелските сили навлегуваат во областа околу градот Кан Јунис.