Започнува со тестирање на луѓето: Компанијата на Илон Маск доби дозвола за вбризгување микрочипови во човечките мозоци!

Компанијата Neuralink на милијардерот Илон Маск, која се занимава со истражувања поврзани со вградување чипови во човечкиот мозок, објави дека добила дозвола да започне со тестирање на луѓето!

Лиценцата е издадена од Федералната администрација за храна и лекови на САД (FDA).

За потсетување, Маск од 2019 година повеќепати најавуваше дека неговата компанија „Неуралинк“ ќе започне со испитувања поврзани со мозочни импланти за луѓе, како процедура за лекување на сериозни состојби како парализа и слепило.

На крајот на минатата година Маск привлече големо внимание во јавноста со изјавата дека е толку уверен во безбедноста на овие уреди што би бил подготвен да им ги вгради на своите деца.

Во 2022 година, FDA го отфрли барањето на компанијата на Маск за одобрување, наведувајќи ја загриженоста за неколку прашања што треба да се решат пред да започне тестирањето на луѓето.

Главните грижи се однесуваа на литиумската батерија за уредот, можноста жиците на имплантот да ја нарушат функцијата на мозокот и безбедноста да се отстрани уредот без да се оштети мозочното ткиво.