Со садење на околу 4.000 садници црн бор на штипски „Кумлак“ почна пролетно пошумување и уредување на населбите низ градот Штип. Вработените во општинската администрација и двете јавни претпријатија беа дел од денешната акција.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека садниците ги имаат обезбедено општествено одговорни компании.
-Во периодот, којшто следи ќе започнеме со акции и активности за зачувување на животната средина за пошумување на голите површини околу град Штип, исто така почнуваме и со расчистување на ѓубрете и сметот, како една пролетна акција. Тоа ќе го работиме во соработка со урбаните заедници, изјави Јорданов.
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%834.000%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%BA2kne1/CWM0XjrV5/large.webp?use_watermark=0)
Тој најави дека од наредната недела почнува и уредувањето на коритото на реката Отиња, кое поминува низ централното градско подрачје, а во кое ќе бидат засадени илјада садници со дрва.
Директорот на ЈП „Исар“, Трајан Коцев истакна дека расадникот на претпријатие за оваа пролет имаат 20.000 цвеќиња и стотина садници на јавор и јасен, кои ќе бидат засадени по парковите, но и површините на влезовите и излезите од град Штип.