Застрашувачко видео пред невреме во Нови Сад, птици летаат во паника: Небото е поделено на два дела

Силно невреме синоќа ја зафати Војводина, а најголемо количество врнежи падна на територијата на Нови Сад, Лозница, Сомбор, Сремска Митровица и Кикинда. Најтешко е во Шид – 11.000 домаќинства се без струја .

Застрашувачко видео од небото над Нови Сад се појави на социјалните мрежи непосредно пред почетокот на невремето, а градот изгледа како сцена од хорор филм.

Имено, како што се гледа на видеото објавено на страна 192.rs, небото е поделено на половина. Од едната страна се гледаат темни, густи облаци кои најавуваат бура, додека од другата страна небото е целосно ведро, и се чини дека е поделено со права линија.

Да потсетиме, денеска во поголемиот дел од Србија е на сила црвен метео аларм, највисок степен на предупредување за врнежи кои можат да бидат и со количина на еден месец во текот на 24 часа .