Затворена е кланицата за мачки: Сопственикот го снабдувал цел град со месо, убивал 300 животни месечно, на површина излегоа страшни детали (ФОТО/ВИДЕО)
Ресторан во кој секој месец се убиваа по 300 мачки поради подготовка на локални специјалитети е засекогаш затворен.
Пам Куок Доан (37) пет години водеше ресторан во Тај Нгуен на северот на Виетнам.
– Специјалитет од мачкино месо – пишувало на таблата пред ресторанот со фотографија од црна мачка со ококорени очи во горниот десен агол.
Јадењето мачки е релативно честа појава во Виетнам, каде нивното месо се смета за афродизијак, шарм за среќа, но и суперхрана која го зајакнува здравјето и штити од Ковид.
– Пред да продавам месо од мачки, служев нормална храна и пијалоци, но приходите не беа доволни за да ги покријат животните трошоци на моето семејство. Потоа се обидов да продавам месо од мачки бидејќи во околината немаше ресторан со таква понуда – вели татко на две деца.
Една по една, Доан ги давел мачките во кофа, држејќи ги со стап. Тој бил вознемирен од сознанието дека некои од животните што ги убивал претходно биле нечии миленици.
– Ми беше жал кога видов како страдаат за време на колењето. Сè беше за пари бидејќи морав да заработувам за семејството – додава Доан, кој е татко на две деца.
Доан се обрати до групата за заштита на животните HSI, која минатата година започна кампања против трговијата со месо од мачки во Виетнам, за помош. Тој преговараше за еднократен грант за затворање на ресторанот, спасувајќи ги животите на 20 мачки и мачиња во кафези. Програмата нуди финансиски стимулации на сопствениците на ресторани за месо од мачки да се префрлат на други извори на приход и да ги дадат мачките на посвојување.
Мачките се однесени во центар за спасување животни и наскоро ќе им бидат дадени на новите сопственици.
HSI, исто така, успешно спроведе кампања за затворање на два ресторани за кучешко месо во Тај Нгуен.
– Воодушевени сме што ја затвораме нашата прва трговија со месо од мачки во Виетнам и се надеваме дека ќе биде прва од многуте, бидејќи сè повеќе луѓе како г-дин Доан се одвраќаат од оваа сурова трговија – велат од организацијата.
Одгледувањето на кучиња и мачки за месо сè уште е популарно во некои земји каде што често е поевтино од другото месо или е дел од локалната традиција, а на некои места се смета дека има посебни здравствени својства. Тешко е да се измери глобалната трговија со месо од кучиња и мачки бидејќи сето тоа се одвива под превезот на тајност.
Кучешкото месо никогаш не било забрането од виетнамските власти и чини исто колку говедското во продавниците. Според истражувањето на HSI, 2 од 10 виетнамски граѓани редовно јадат месо од мачки.
Мачките не се одгледуваат за месо, така што лукавите добавувачи се познати по тоа што крадат миленичиња мачки или мамат диви мачки користејќи стапици.
Групите за заштита на животните известуваат дека од 10 до 20 мачки и кучиња се убиваат и продаваат секој ден на кој било пазар.
Месото од мачки е трипати поскапо од месото на кучињата.
Продавачите наплаќаат повеќе од 10 евра за килограм за жива мачка, додека црната мачка достигнува речиси двојно повисока цена бидејќи се верува дека има лековити својства.