ЗАТВОРЕН НАЈДОГОТ ТУНЕЛ НА СВЕТОТ – Осум километри патека уништена откако 16 вагони излетале од шините
Швајцарскиот тунел „Алптранзит Готард“ – најдолгиот во светот, ќе биде затворен со месеци, соопштија властите, откако 16 швајцарски товарни вагони излетаа од шините минатата недела и уништија осум километри пруга.
Патниците кои го користат возот за да патуваат меѓу северниот дел на Швајцарија и нејзиниот најјужен дел ќе мора да бараат алтернативен превоз, пишува весникот The Guardian.
16 вагони кои излетаа од шините во тунелот „Алптранзит Готард“ долг 57 километри се уште се заглавени во тунелот, нема повредени, но причинета е голема штета, соопштија од Швајцарската железница.
Овој тунел е клучна транспортна рута за стоки и товар, особено меѓу Германија на север и Италија на југ. Во 2022 година, повеќе од две третини од железничкиот товарен сообраќај низ Алпите минувал низ тунелот „Алптранзит Готард“, според швајцарската Влада.