Затекнати малолетници во казина во акциска контрола во угостителски објекти

Две малолетни лица затекнати се синоќа во казина при акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје извршена од страна на надлежни полициски службеници заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат.

Како што соопшти МВР, при контролата која била извршена во периодот од 22:00 до 5:00 часот, биле констатирани и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.