Властите на Македонија, На 12 септември, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави денеска на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор на властите на Македонија и рече дека нема да остане без одговор.
За тврдењата околу протераните дипломати, засега нема потврда од македонското Министерство за надворешни работи.
Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од МВР, денеска објавија дека тројца руски дипломати и еден руски свештеник ќе бидат протерани од земјава поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности и дека имаат пет дена да ја напуштат земјава.
Ова попладнево го соопшти амбасадата на Руската Федерација во земјава преку објава на социјалната мрежа „X“ (претходно Твитер) во која пренесува коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините.
Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.
„На 12 септември властите на Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за «persona non grata». Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Македонија нема да остане без одговор“,се наведува во објавата на руската амбасада.
Засега од македонската страна нема потврда на ваквиот потег.
Инаку, коментарот на Захарова е објавен и на официјалната интернет-страница на руското Министерство за надворешни работи.
Покрај информацијата за прогласувањето на тројцата дипломати за „персона нон грата“, во коментарот се наведува дека властите во Македонија „продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и да ги водат билатералените односи, кои и онака се во длабока криза, во ќорсокак
„Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за несоодветна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари нејзината важност во борбата против имагинарната ‘руска закана’. Неодговорниот и непријателски чекор на северномакедонските власти нема да остане без одговор“,се наведува во коментарот на Захарова, објавен на веб-страната на руското МНР.