Познатиот актер на забавата на Вог се појави со маска и облечен во црно од глава до пети

Синоќа се одржа Светското шоу на Вог по повод лондонската модна недела, а многу познати фаци се појавија во екстравагантни изданија.

Сепак, еден славен го украде шоуто кога се појави на афтер-забавата облечен во црно од глава до пети, обидувајќи се да го скрие својот идентитет со црна капа и црна маска за лице. 

Се испостави дека станува збор за Леонардо ди Каприо кој од непознати причини се обидел да го скрие својот идентитет на забавата.  

Да потсетиме, 48-годишниот актер неодамна беше виден во ноќен клуб на Ибица како страсно се бакнува со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Церети, а познато е дека сите девојки со кои се поврзуваше беа помлади од 25 години.