Захарова: Русија ќе одговори на постапките на Бугарија во врска со новинарот на „Росискаја газета“

Русија ќе преземе соодветни мерки како одговор на постапките на бугарските власти во врска со дописникот на „Росискаја газета“ Александар Гацак, кому му беше одземена акредитацијата, јави ТАСС. На Гацак му се заканува и екстрадиција од Бугарија.

Дописникот на „Росијскаја газета“ од Бугарија, Александар Гацак, доби „црна точка“ од локалните власти – нему му е одземена акредитацијата и е информиран дека ќе биде екстрадиран, објави Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

„Ова е уште еден незаконски потег на НАТО против руските новинари, кои манијакално ги прогонуваат. Ќе преземеме одмазднички мерки“, додаде портпаролката на руското МНР.