Захарова со прашање за Белата куќа: Дали сте сигурни дека е Исламската држава, можеби треба да размислите повторно
Русија денеска изрази сомневање поради американските тврдења дека Исламската држава (ИД) е одговорна за нападот во концертна сала во близина на Москва, во кој загинаа 137 луѓе, а 182 се повредени.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ги доведе во прашање американските тврдења за одговорноста на споменатата џихадистичка група, која не толку одамна контролираше огромни области на Ирак и Сирија.
„Внимание – прашање за Белата куќа: Дали сте сигурни дека е Исламската држава. Можеби треба да размислите повторно“, рече Захарова.
Покрај тоа, таа тврди дека САД ја шират верзијата на ИД како „ѓубриња“ за да ги заштитат своите „штитеници“ во Киев и потсети дека САД ги поддржувале „муџахедините“ во борбата против советските сили во 80-тите.