Захарова: Украинците мечтаат да имаат лидер како Путин

Украинците би сакале да имаат претседател како рускиот лидер Владимир Путин – отворен, решителен, образован и кој не зборува од документите што му се испратени од Вашингтон, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Трагедијата на украинскиот народ е што тие навистина сакаат да имаат претседател како Путин, а наместо тоа постојано ги имаат оние што му ги дава Западот – рече Захарова.

Според неа, австрискиот лекар и психијатар Зигмунд Фројд може во голема мера да објасни што се случува во Украина.

– Украинците мразат, велат дека мразат и се многу агресивни кон Путин токму затоа што би сакале Путин да им биде претседател. Ним им треба некој таков – отворен, решителен, добро информиран, кој не зборува од весникот што му го пратиле од Вашингтон, туку зборува затоа што знае што зборува – оцени Захарова.