Зајкова: Власта не прави ништо за реформи во судството, оваа ситуација некому му одговара

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, коалиционен партнер на СДСМ и ДУИ, во емисија на ТВ24 призна дека Владата не спроведува реформи во правниот систем бидејќи, како што рече, некому му одговара хаос за да да избегне одговорност, пренесува Журнал.

„Зборуваме само за судството, но никој не сака да направи нешто бидејќи од она што можам да разберам, овој хаос во судството некому му одговара за да нема одговорност“, рече Зајкова.

Зајкова додаде дека како последица на катастрофалниот систем секој ден по еден млад човек бега од државата.

„Не гледаме дека се преземаат суштински реформи. Гледаме од година во година дека системот тоне. Се согласувам со Наум дека секој ден по еден млад човек бега од државата и тоа треба да загрижува и навистина треба да се најде консензус во одредени области и да се направат суштински реформи“, изјави Зајкова, претседател на ЛДП.