ЗА ВОЗЕЊЕТО КОЕ ТРАЕЛО „ДВЕ СЕКУНДИ“ ТАКСИСТОТ ГО НАПЛАТИЛ 150 ЕВРА (ФОТО)

Тројца туристи од Австралија со себе понесоа спомен од Сплит за цел живот. Им требало такси до аеродромот, а кога стигнале во Ресник биле во шок.

Возењето кое би требало да биде долго 25 километри се наплаќало 151,1 евра. Освен огромната сума прикажана на сметката, пишува дека растојанието што го поминале е нула километри, а времетраењето на возењето е само две секунди, пишува денеска Далмација.

Како што се дознава, трите туристички на крајот платиле огромна сума. Ја фотографирале регистарската табличка на таксито и му пријавиле на аеродромецот што се случило.