За едни Задушница, за други продолжен викенд – Долги редици на Граничниот премин „Богородица“

Од камерите поставени на граничните премини може да се забележи дека утрово најмногу возила за влез во Грција има на „Богородица“, додека на „Меџитлија“ кај Битола тој број е помал

Голем број од граѓаните во земјава денешниот празник пред викенд го искористија за да излезат надвор од земјава. Утрово на граничниот премин Богородица можеше да се забележи колона од возила кои чекаа на ред за да влезат во соседна Грција.

Меќу автомобилете од земјава на надзорните камери може да се забележат и голем број возила со српски регистарски таблички кои за да стигнат во Грција транзитираат низ Македонија.

Во Грција летната сезона веќе е во полн ек.

Раздвиженост на возила има и кон Србија но интензитетот на релацијата кон нашиот северен сосед е помал.