За едни најдобар, за други грешник и измамник! На денешен ден е роден Марадона – ова е приказна за фудбалски волшебник! (фото/видео)
На денешен ден, 30 октомври 1960 година, според многумина, е роден најдобриот фудбалер на сите времиња – славниот Диего Армандо Марадона.
За некои, најдобар досега, господин и праведен човек, а за други, голем грешник и измамник.
Во секој случај, остави неизбришлива трага на најважното споредно нешто на светот. Едно е сигурно, ваква личност се раѓа само еднаш!
Марадона го освои Светското првенство во Мексико во 1986 година со Аргентина. Клубовите за кои играше се Аргентина Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, Њуелс Олд Бојс.
Исто така, тој беше селектор на Аргентина меѓу 2008 и 2010 година, како и тренер на Депортиво, Њуелс Бојс.
Колку беше голем говори фактот што дебитираше за првиот тим на Аргентинос Јунирос 10 дена пред својот 16-ти роденден. Потоа се пресели во Бока со која во 1981 година го освои аргентинскиот шампионат, а една година подоцна премина во Барселона.
Каталонците му платија тогаш рекордни 7,6 милиони долари. Со шпанскиот великан гостуваше на Маракана кај Црвена звезда и славеше со 4:2, а Марадона постигна 2 гола, од кои вториот беше вистинско ремек дело кога го лобуваше голманот Стојановиќ, по што целиот стадион аплаудираше.
Ви претставуваме помалку познати факти од животот и кариерата на овој неверојатен фудбалски волшебник:
– Неговото целосно име е Диего Армандо Марадона Франко;
– Роден е на 30 октомври 1960 година во Вила Фиорикио;
– Имаше седум браќа и сестри;
Првата фудбалска топка ја доби на третиот роденден, од вујко му;
– Неговиот прекар е „El pibe de oro“ – Златното момче.
– Тој потпиша за Бока Јуниорс на 21 година и во истата сезона го освои шампионатот на Аргентина, единствениот клупски трофеј во неговата родна земја;
– Марадона се пресели во Барселона во 1982 година и го собори рекордот откако трансферот чинеше 7,6 милиони долари;
–Како еден од најубавите моменти во кариерата го истакна голот против Ѕвезда во Белград во октомври 1982 година, кога го лобуваше голманот Александар Стојановиќ;
– Тој доживеа 90.000 фанови да му аплаудират;
– Во Наполи играше од 1984 до 1991 година, а поради сè што направи во Наполу, дресот со број 10 беше повлечен;
– Во текот на кариерата одигра 680 натпревари и постигна 345 голови;
– Поради употреба на кокаин беше под 15-месечна суспензија;
– За првпат се ожени со Клаудија Вилафане во 1989 година. Имаше 1.200 гости, а гостите ги забавуваа 80 музичари. Во свадбената торта сокриле 99 златни прстени;
– Во светот има десет цркви кои го носат името на Марадона;
– За Марадона се отпеани десетина песни, од кои најпозната секако е „If I were Maradona“, испеана од Ману Чао.
– Често изразуваше симпатии кон Југославија. Тој беше одличен пријател со Емир Кустурица, кој сними филм за него, како и со Новак Ѓоковиќ.
За потсетување, Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар. Беше соопштено дека тој е несоодветно третиран и сè уште трае истрагата за тоа кој е одговорен што по операцијата бил однесен во куќата без соодветни услови за понатамошно закрепнување. На обвинителна клупа се најдоа Леополдо Лук и Аугустина Косачо кои беа одговорни за лекувањето на најдобриот светски фудбалер на сите времиња. Тие се обвинети за запоставување на пациентот во процесот на закрепнување и нега – што дополнително влијаело на нагло влошување на здравјето и смрт.