– Владата денеска го задолжи Министерството за економија на првата наредна седница, односно наредниот вторник да ја информира Владата за сите управни и судски постапки, одлуки, заклучоци и информации за локалитетот Иловица, наназад од 2012 година, па се до денеска, информира вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Тој на денешната прес-коференција во Владата по потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор, одговарајќи на новинарско прашање појасни дека министерството ќе информира за се што е поврзано со експлоатација на минерални суровини, руди на бакар и злато.
-Се што е поврзано со експлоатацијата на минералните суровини, руди на бакар и злато на локалитетот Иловица штом Министерството реферира со сите податоци, велам уште еднаш управни и судски постапки кои се водени, тие веднаш ќе се споделат, не само со владата туку и понатаму со медиуимте и граѓаните, истакна Битиќи.